Извршување дијагностички тестови на вашиот уред
Апликацијата Xperia™ Diagnostics може да тестира одредена функција или да изврши целосен
дијагностички тест за да провери дали вашиот уред Xperia™ работи правилно.
Xperia™ Diagnostics може:
•
Да пристапи до потенцијални хардверски или софтверски проблеми на вашиот уред Xperia™.
•
Да анализира колку добро се извршуваат апликациите на вашиот уред.
•
Да го запише бројот на испуштени повици во текот на претходните 10 дена.
•
Да го идентифицира инсталираниот софтвер и да обезбеди корисни детали за вашиот уред.
Апликацијата Xperia™ Diagnostics е веќе инсталирана на повеќето уреди Android™ од
Sony. Доколку опцијата Дијагностика не е достапна под Поставки > За телефонот, може
да преземете поедноставна верзија користејќи ја апликацијата Play Store™.
Извршување одреден дијагностички тест
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Дијагностика > Тест.
3
Одберете тест од листата.
4
Следете ги инструкциите и допрете Да или Не да потврдите доколку функцијата работи.
Извршување на сите дијагностички тестови
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Дијагностика >Тест > Изврши
ги сите.
3
Следете ги инструкциите и допрете Да или Не да потврдите доколку функцијата работи.
Прикажување детали за уредот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > За телефонот > Дијагностика > Факти.