Прикажување на екранот од уредот на телевизор со
помош на кабел
Може да го поврзете уредот со компатибилен ТВ-приемник со помош на MHL-кабел и да го
прикажете екранот од уредот на ТВ-екранот.
Кабли и адаптери за MHL и HDMI™ се продаваат посебно.
Sony не гарантира дека вашиот уред ги поддржува сите типови кабли и адаптери за MHL
и HDMI™.
Прикажување на содржината од уредот на ТВ-приемник којшто поддржува MHL
влез
1
Поврзете го уредот на ТВ-приемникот со помош на MHL кабел. ќе се појави на лентата
за статус на уредот откако ќе се воспостави конекција.
2
Телевизорот го прикажува екранот на вашиот уред.
Ако вашиот уред не покажува дека е поврзан со MHL кабел, повторно поврзете го MHL
кабелот и допрете Поставки > Конекција на уредот > USB врска > Откриј USB-уред.
Прикажување на содржината од уредот на ТВ-приемник којшто поддржува
HDMI™ влез
1
Поврзете го уредот со MHL адаптер и поврзете го адаптерот со вклучена USB-порта.
2
Поврзете го адаптерот со ТВ-приемникот користејќи HDMI™ кабел. ќе се појави на
лентата за статус на уредот откако ќе се воспостави конекција.
3
ТВ-приемникот ќе го прикаже екранот од уредот.
Прикажување помош за користење на ТВ-далечинскиот управувач
1
Додека уредот е приклучен на ТВ-приемникот, повлечете ја лентата за статус надолу за да
го отворите паното со известувања.
2
Допрете Поврзан преку MHL. Поставките за MHL ќе се појават на ТВ-екранот.
3
Одберете Користење на далеч. управувач.
Може да изберете Големина на видеоизлез за да ја прилагодите големината на
излезниот резултат на ТВ-екранот. Доколку опцијата за автоматско скалирање е вклучена
на телевизорот, оваа поставка нема да се појави во поставките за MHL.
Може и да го притиснете жолтото копче од ТВ-далечинскиот управувач за да го отворите
паното со известувања.
Исклучување на уредот од ТВ-приемникот
•
Исклучете го MHL-кабелот или MHL-адаптерот од својот уред.