Sony Xperia Z3 Compact - Користење на вашиот уред со мултимедијален систем во возилото

background image

Користење на вашиот уред со мултимедијален систем во
возилото

Поврзете го вашиот уред на автомобилски мултимедијален систем со сертификат за MirrorLink™
со помош на USB-кабел, на пример, користете ја апликацијата за навигација или пуштајте музика
од вашиот уред додека возите. Кога сте поврзани, можете да се движите низ апликациите со
помош на контролите на мултимедијалниот систем во возилото.

Некои апликации може да не е достапни додека трае конекцијата со MirrorLink™. Покрај
тоа, заштитените податоци, како на пример видеа коишто се заштитени со Digital Rights
Management (DRM), не се достапни преку MirrorLink™.

Поврзување на уредот со автомобилски систем за забава и информации

Поврзете го уредот со автомобилскиот систем за забава и информации користејќи USB
кабел. Екранот од уредот ќе се појави на екранот од системот за забава и информации.

Доколку конекцијата помеѓу уредот и системот за забава и информации не се воспостави
автоматски, треба рачно да го вклучите MirrorLink™.

135

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Рачно вклучување на MirrorLink™

1

Проверете дали вашиот уред е поврзан на мултимедијалниот систем во возилото со помош
на USB-кабел.

2

Од Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Конекција на уредот > MirrorLink™.

4

Допрете Start MirrorLink™, а потоа допрете ОК.

5

Ако конекцијата и понатаму не е успешна, допрете Мрежна адреса за да се префрлите
на некоја друга мрежна адреса (во случај да се користи истата мрежна адреса и за другите
услуги, како што се Bluetooth® и Wi-Fi) и обидете се повторно.