Склопување
Вашиот уред поддржува само нано SIM-картички.
8
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Вашата нано SIM-картичка треба да ја вметнете во нано држачот за SIM-картичка пред да
ја вметнете во уредот. Исто така, не мешајте го отворот на нано SIM-картичката со
отворот на мемориската картичка.
Вметнување нано SIM-картичка
Ако вметнувате нано SIM-картичка додека уредот е вклучен, уредот автоматски ќе се
рестартира.
1
Откачете го капакот на држачот за нано SIM-картичка.
2
Со ноктот на прстот или друг сличен предмет, повлчете го надвор држачот за нано SIM-
картичка.
3
Ставете ја нано SIM-картичката во држачот за нано SIM-картичка, а потоа повторно
вметнете го држачот.
4
Повторно затворете го капакот.
Проверете дали сте го вратиле држачот за нано SIM-картичка во соодветната
ориентација. Кога го повлекувате држачот надвор за да вметнете нано SIM-картичка, не
вртете го држачот.
Вметнување мемориска картичка
1
Отстранете го капакот на отворот за мемориската картичка.
2
Вметнете ја мемориската картичка во отворот наменет за неа и вратете го капакот.
Отстранување на нано SIM-картичката
9
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
1
Отстранете го капакот од отворот на нано SIM-картичката.
2
Извлечете го држачот на нано SIM-картичката со помош нокотот или некој друг сличен
предмет.
3
Отстранете ја нано SIM-картичката.
4
Вратете го држачот за нано SIM-картичка во лежиштето.
5
Повторно ставете го капакот.
Отстранување на мемориската картичка
1
Исклучете го уредот и отворете го капакот за отворите на мемориската и нано SIM-
картичката.
2
Притиснете ја мемориската картичка навнатре, а потоа брзо отпуштете ја.
3
Целосно извлечете ја мемориската картичка и извадете ја.
4
Затворете го капакот.
Мемориската картичка може да ја извадите и без да го исклучувате уредот во чекор 1. За
да го користите овој начин, прво мора да ја извадите мемориската картичка под
Поставки > Зачувување > до SD-картичка, па следете ги останатите инструкции
погоре.