Наоѓање на изгубениот уред
Доколку имате сметка на Google™, веб-услугата на my Xperia може да ви помогне да го најдете и
обезбедите уредот доколку некогаш го изгубите. Може:
•
Да го најдете уредот на мапа.
•
Да создадете звучно предупредување дури и ако уредот е во режим за нечујно.
•
Далечински да го заклучите уредот и да му ги прикажете вашите контактни информации на тој што
ќе го најде.
•
Далечински да ги избришете внатрешната и надворешната меморија од уредот како последна
опција.
Услугата на my Xperia може да не е достапна во сите држави/региони.
19
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Активирање на услугата my Xperia
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете Поставки > Безбедност > Заштита од my Xperia >
Активирај.
3
Обележете го полето за избирање, па допрете Прифати.
4
Ако е побарано, пријавете се на својата сметка Sony Entertainment Network или креирајте
нова доколку немате.
5
Вклучете услуги за локација во својот уред доколку оваа функција не е веќе вклучена.
За да потврдите дека услугата my Xperia може да го најде вашиот уред, појдете на
myxperia.sonymobile.com и пријавете се или со сметката на Google™ или со сметката
Sony Entertainment Network што е поставена на уредот.
Доколку користите уред со повеќе корисници, услугата my Xperia може да ја користи само
сопственикот.
Пронаоѓање изгубен уред со користење на Android™ менаџер на
уред
Google™ нуди услуга на лоцирање и безбедност наречена Android™ менаџер на уред. Можете да
ја користите паралелно или како алтернатива на услугата my Xperia. Ако го загубите уредот,
можете да го употребите Android™ менаџер на уред за:
•
Да го пронајдете и да покажете каде се наоѓа вашиот уред.
•
Да заѕвоните или да го заклучите вашиот уред, да избришете се на него или да додадете
телефонски број на екранот при заклучување.
За дополнителни информации за Android™ менаџер на уред, одете на www.support.google.com.
Android™ менаџер на уред не работи ако уредот е исклучен или ако нема конекција со
Интернет. Услугата Android™ менаџер на уред може да не биде достапна во сите земји
или региони.
Активирање на Android™ Device Manager
1
Доколку користите уред со повеќе корисници, пријавете се како негов сопственик.
2
Проверете дали имате активна податочна конекција и дали се активирани услугите за
локација.
3
Од својот Почетен екран, допрете .
4
Пронајдете и допрете Поставки > Google > Безбедност.
5
Повлечете ги лизгачите до Далечински лоцирај го овој уред и Дозволи
далечинско заклучување и бришење до положбата Вклучено.
6
Ако добиете предупредување, согласете се со условите и одредбите со допирање на
Активирај.
7
За да потврдите дека Android™ Device Manager може да го лоцира уредот откако ќе ја
активирате услугата, појдете на www.android.com/devicemanager и пријавете се користејќи
ја вашата сметка на Google™.
20
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.