Sony Xperia Z3 Compact - Управување со батеријата и енергијата

background image

Управување со батеријата и енергијата

Уредот има вградена батерија. Потрошувачката на батеријата зависи од користените функции. За
да направите батеријата да трае подолго, обидете се со следново:

Следете ја потрошувачката на батеријата.

Следете ги советите за општа употреба за да ги подобрите перформансите на батеријата.

Користете режим за штедење енергија.
Вашиот уред е опремен со штедач на батеријата и функции за штедење енергија на Android за да
му помогнат на уредот да ја намали потрошувачката на батеријата. Функциите за штедење
енергија на Android работат во заднината, а штедачот на батеријата може да го активирате или
деактивирате самите.
Функциите за штедење енергија ги ограничуваат заднинските податоци за да се заштеди енергија,
па ако не сакате ова да влијае врз одредена апликација, може да направите исклучок во менито
Оптимизација на батеријата.

Ажурирањата на системот може да ги променат режимите за штедење енергија достапни
на вашиот уред.

За да ја видите потрошувачката на батеријата и преостанатото време на
батеријата

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Користење на батеријата. Се прикажува преглед
со податоци за користење на батеријата и преостанатото време на батеријата.

3

Прегледајте ги информациите, па постапете како што се бара од вас, на пример, за да
деинсталирате некоја апликација или да го ограничите нејзиното користење.

Преглед на потрошувачката на батеријата за апликациите

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Апликации.

3

Одберете апликација и прегледајте ја потрошувачката на батеријата под Користење на
батеријата
.

Совети за општа употреба за подобрување на перформансите на батеријата

Следниве совети можат да ви помогнат да ги подобрите перформансите на батеријата:

Намалете го нивото на светлина на екранот. Видете во Поставки на екранот на
страницата 57.

Исклучете ги Bluetooth®, Wi-Fi и услугите за локација кога не ви се потребни.

Исклучете го уредот или користете авионски режим доколку сте во област со слаба или без
мрежна покриеност. Во спротивно, вашиот уред постојано ќе бара достапни мрежи, а тоа
троши енергија.

Користете Wi-Fi мрежа наместо роаминг кога сте во странство. Роамингот ја бара вашата
домашна мрежа, што ја троши батеријата дополнително бидејќи уредот мора да пренесува
со зголемена излезна енергија. Видете во Wi-Fi на страницата 46.

Променете ги поставките за синхронизација на е-поштата, календарот и контактите. Видете
во Синхронизирање со електронски сметки на страницата 53.

Проверете ги апликациите што ја трошат многу батеријата и размислете за примена на
советите за штедење на батеријата дадени во уредот за овие апликации.

Променете го нивото на известување за апликацијата. Видете во Известувања на
страницата 29.

Исклучете ја дозволата за споделување на локацијата за одредена апликација. Видете во
Поставки за апликации на страницата 58.

Деинсталирајте ги апликациите што не ги користите. Видете во Екран со апликации на
страницата 25.

Користете оригинален handsfree уред на Sony™ за да слушате музика. Handsfree уредите
трошат помалку батерија отколку звучниците на уредот.

Рестартирајте го уредот одвреме-навреме.

36

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Оптимизација на батеријата

Оптимизацијата на батеријата е моќен и корисен вграден режим со којшто значително се
продолжува животниот век на батеријата со намалување на потрошувачката на батерија кога не ги
користите уредот или одредени апликации.
Ова се постигнува со прекинување на мрежните активности што ја трошат батеријата, како на
пример услугите за локација, синхронизирањето и Wi-Fi скенирањето во заднина кога не го
користите уредот подолг период.
Ова не влијае врз телефонските повици и SMS-пораките.
Не може да ја исклучите оптимизацијата на батеријата, но може да направите исклучок за
одредени апликации.

За да исклучите специфични апликации за оптимизирање

Може да исклучите апликации за оптимизирање со Дремка и Мирување на апликации.

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Користење на батеријата.

3

Допрете ја и изберете Оптимизација на батерија. Ќе видите листа на апликации
коишто не се оптимизирани.

4

За да додадете или за да отстраните апликации од оваа листа, допрете Не се
оптимизирани
> Сите апликации и изберете апликација од листата за да ги
уредите нејзините поставки за оптимизација.

5

Листата на апликации коишто не се оптимизирани ќе биде ажурирана во согласност со
поставките. Овие поставки важат за Дремка и Мирување на апликации.

Може да ги конфигурирате и Оптимизација на батерија од Апликации менито со
допирање на .

Зачувувач на батерија

Штедач на батерија е корисна функција за продолжување на животниот век на батеријата со
намалување на услугите коишто ја трошат батеријата, како на пример вибрација, услугите за
локација и поголемиот дел од заднинските податоци. Може рачно да ја вклучите или да ја
нагодите автоматски да се вклучува кога ќе биде достигнато одредено ниво на процент на
батеријата. Штедач на батерија се исклучува кога уредот се полни.

За да го вклучите/исклучите зачувувачот на батерија

1

Од вашиот Почетен екран, допрете .

2

Најдете и допрете Поставки > Користење на батеријата.

3

Допрете ја и изберете Штедач на батерија.

4

Допрете го прекинувачот за вклучување/исклучување за да го вклучите/исклучите. се
прикажува на статусната лента кога режимот е активен.
За да го нагодите автоматски да се вклучува само допрете Вклучи автоматски и изберете ја
саканата опција.