Sony Xperia Z3 Compact - Правење резервна копија и обнова на содржината

background image

Правење резервна копија и обнова на содржината

Вообичаено, фотографиите, видеата и другата лична содржина не треба да ги зачувувате само во
внатрешната меморија на уредот. Ако ви се расипе уредот или го загубите или ви го украдат,
податоците зачувани во внатрешната меморија можно е да не може да се обноват. Се
препорачува да го користите софтверот на Xperia™ Companion за правење резервни копии коишто
безбедно ги зачувуваат податоците во надворешниот уред. Овој начин се препорачува особено
ако го ажурирате софтверот на уредот со понова верзија на Android.
Се препорачува правење резервна копија од податоците со апликацијата Резервна копија и
обнова на Xperia™ пред да ги ресетирате фабричките податоци. Со оваа апликација може да
правите резервна копија од податоците во електронска сметка, SD-картичка или во надворешна
USB-меморија поврзана со вашиот уред преку адаптер за USB-домаќин:
Може да направите резервна копија од податоците на серверот на Google со апликацијата
Резервна копија и обнова на Google.

Правење резерва копија на податоците во компјутер

Користете го софтверот на Xperia™ Companion за да правите резервна копија на податоците од
уредот во персонален компјутер или во компјутер на Apple

®

Mac

®

. Може да направите резервна

копија од следниве типови податоци:

Контакти и дневници на повици

Текстуални пораки

Календар

Поставки и обележувачи

Медиумски датотеки, како што се музика и видеа

Фотографии и слики

Правење резервна копија на податоците со помош на компјутер

1

Отклучете го екранот на уредот и поврзете го со компјутерот користејќи USB кабел.

2

Отворете го софтверот на Xperia™ Companion во компјутерот доколку не се активира
автоматски. По извесно време компјутерот ќе го открие уредот. Одберете го режимот
Пренос на датотеки (MTP) на уредот.

3

Кликнете на Резервна копија на главниот екран од Xperia™ Companion.

4

Следете ги упатствата на екранот за да направите резервна копија на податоците од
уредот.

Ако немате инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го
поврзете уредот со компјутерот.

41

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Обновување на податоците со помош на компјутер

1

Отклучете го екранот на уредот и поврзете го со компјутерот користејќи USB кабел.

2

Отворете го софтверот на Xperia™ Companion во компјутерот доколку не се активира
автоматски. По извесно време компјутерот ќе го открие уредот. Одберете го режимот
Пренос на датотеки (MTP) на уредот.

3

Кликнете на Врати назад на главниот екран од Xperia™ Companion.

4

Одберете датотека од резервните копии, па кликнете на Следно и следете ги упатствата
на екранот за да ги обновите податоците во уредот.

Ако немате инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го
поврзете уредот со компјутерот.

Правење резервна копија на податоците со апликацијата Резервна
копија и обнова на Xperia™

Може да направите електронска или локална резервна копија од податоците со помош на
апликацијата Резервна копија и обнова на Xperia™. На пример, може рачно да направите
резервна копија од податоците или да ја вклучите функцијата за автоматска резервна копија за
периодично зачувување податоци.
Се препорачува правење резервна копија од податоците со апликацијата Резервна копија и
обнова на Xperia™ пред да ги ресетирате фабричките податоци. Со оваа апликација може да
правите резервна копија од следниве типови податоци во електронска сметка, SD-картичка или во
надворешна USB-меморија поврзана со вашиот уред преку адаптер за USB-домаќин:

Обележувачи

Контакти и дневник на повици

Разговори

Податоци од календарот

Сметки за е-пошта

Wi-Fi мрежи

Поставки на уредот

Апликации

Изгледот на почетниот екран на Xperia™

Поставување на функцијата за автоматско правење резервна копија

1

Доколку правите резервна копија на содржината во USB-меморија, проверете дали уредот
за складирање е поврзан со вашиот уред преку адаптер за USB-домаќин. Доколку правите
резервна копија на содржината на SD-картичка, проверете дали таа е правилно вметната
во уредот. Доколку правите резервна копија на содржината во електронска сметка,
пријавете се на вашата сметка на Google™.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Резервна копија и ресетирање.

4

Под Резервна копија и обновување на Xperia™, допрете го Автом. прав.
рез. коп.
.

5

За да ја вклучите функцијата за автоматско правење резервна копија, допрете го
прекинувачот за вклучување/исклучување.

6

Одберете зачестеност на правење резервна копија, локација за зачувување на датотеките,
време на правење резервна копија и типови податоци.

7

Допрете за да ги зачувате поставките.

42

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Рачно правење резервна копија на содржината

1

Доколку правите резервна копија на содржината во USB-меморија, проверете дали уредот
за складирање е поврзан со вашиот уред преку адаптер за USB-домаќин. Доколку правите
резервна копија во SD-картичката, проверете дали таа е правилно вметната во уредот.
Доколку правите резервна копија на содржината во електронска сметка, пријавете се на
вашата сметка на Google™.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Резервна копија и ресетирање.

4

Под Резервна копија и обновување на Xperia™, допрете Повеќе.

5

Допрете Рачна резервна копија, а потоа одберете дестинација и типови податоци за
правење резервна копија.

6

Допрете Резервна копија.

7

Откако ќе се направи резервна копија на податоците, допрете Заврши.

Обновување на содржината од резервната копија

1

Доколку обновувате содржина од USB-меморија, проверете дали уредот за складирање е
поврзан со вашиот уред со помош на адаптерот за USB-домаќин. Доколку обновувате
содржина од SD-картичката, проверете дали таа е правилно вметната во уредот. Доколку
обновувате содржина од електронска сметка, пријавете се на вашата сметка на Google™.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Најдете и допрете Поставки > Резервна копија и ресетирање.

4

Под Резервна копија и обновување на Xperia™, допрете Обнови
податоци
па одберете ги изворот и типот податоци коишто сакате да ги обновите.

5

Допрете Обнови податоци.

6

Откако содржината ќе се обнови, допрете Заврши.

Запомнете дека сите промени што ги правите во вашите податоци и поставки по
креирањето резервна копија, вклучувајќи ги и сите преземени апликации, ќе се избришат
при постапката за обновување.

43

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.