Sony Xperia Z3 Compact - Полнење на уредот

background image

Полнење на уредот

Секогаш користете оригинален полнач на Sony и USB кабел наменет за специфичниот
модел на Xperia™. Другите полначи и кабли можат да го зголемат времето на полнење,
воопшто да не полнат, па дури и можат да го оштетат уредот. Проверете дали сите USB
порти и приклучоци се целосно суви пред да го вметнете USB кабелот.

Уредот ќе се наполни побрзо ако го полните преку штекер отколку преку компјутер. Уредот може
да го користите додека се полни.
Ако батеријата е потрошена, може да поминат најмногу 30 минути додека уредот не почне да
реагира на полнењето. Во текот на овој период, екранот може да биде целосно темен без да ја
покажува иконата за полнење. Може да бидат потребни и до 4 часа целосно испразнетата
батерија да се наполни целосно.

Вашиот уред има вградена батерија што се полни и што може да ја замени само овластен
центар за поправки на Sony. Никогаш не обидувајте се самите да го отворите или
расклопите уредот. Доколку го направите тоа, може да дојде до оштетување и
поништување на гаранцијата.

Полнење на уредот

1

Приклучете го полначот во штекер.

2

Приклучете го едниот крај од USB кабелот во полначот (или во USB-портата на
компјутерот).

3

Приклучете го другиот крај на кабелот во микро USB-портата на уредот, со USB-симболот
завртен нагоре. Светлото за известување ќе светне штом полнењето започне.

4

Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте конекторот да не се свитка.

Доколку батеријата е целосно испразнета, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се појави иконата за полнење .

Статус на светлото за известување за батеријата

Зелено

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%

Црвена

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%

Портокалово

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%

35

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.