Sony Xperia Z3 Compact - Одржување со помош на компјутер

background image

Одржување со помош на компјутер

Xperia™ Companion

Xperia™ Companion е софтверска услуга што содржи колекција на алатки и апликации што може
да ги користите кога го поврзувате уредот со компјутер. Со Xperia™ Companion, може да:

Го ажурирате или поправите софтверот на уредот.

38

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Пренесувате содржина од стариот уред користејќи Xperia™ Transfer.

Правите резервна копија и обнова на содржина во компјутерот.

Синхронизирате мултимедијална содржина – фотографии, видеа, музика и листи со песни –
помеѓу уредот и компјутерот.

Пребарувате датотеки на уредот.
За да користите Xperia™ Companion, потребен ви е компјутер поврзан на интернет што користи
еден од следниве оперативни системи:

Microsoft

®

Windows

®

7 или понова верзија

Mac OS

®

X 10.11 или понова верзија

Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion/ или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac/.

Управување со датотеките со помош на компјутер

Поврзете го уредот со компјутер на Windows

®

со помош на USB кабел за пренесување и

управување со своите датотеки.
Штом ќе се поврзат двата уреда, може да одберете дали сакате да го полните уредот, да
пренесувате датотеки или да го користите за MIDI-внесување. Компјутерот ќе го открие уредот
кога ќе го изберете режимот за поврзување за Пренос на датотеки (MTP). Стандардниот
режим за поврзување е поставен како Само за полнење.
Со Xperia™ Companion, може да пристапувате до системот на датотеки на уредот. Ако немате
инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го поврзете уредот со
компјутерот.

Секогаш користете USB кабел наменет за специфичниот модел на Xperia™ и
проверувајте дали е целосно сув.

Режими на USB-конекција

Достапни ви се два режима на USB-конекција:

Режим на префрлање
медиуми (MTP)

Користете го MTP за управување со датотеките, за ажурирање на софтверот од уредот
и за поврзување преку Wi-Fi. Овој USB режим се користи со компјутерите на Microsoft

®

Windows

®

. MTP е вклучен стандардно.

Режим на медиум со
голема меморија (MSC)

Користете го MSC за управување со датотеките користејќи компјутери на MAC OS

®

и

Linux што немаат поддршка за MTP.

Менување на режимот за USB-конекција

1

Поврзете USB-приклучок со уредот.

2

Повлечете ја лентата за статус надолу за да пристапите до паното со известувања.

3

Известувањето го покажува тековниот режим на конекција, Полнење на уредот со
USB
или USB for file transfer.

4

Допрете го известувањето, потоа допрете го саканиот режим на конекција.